Под слоганот „Дали е некој за ракомет?“ започнува новата сезона на „Ракомет За Секое Дете“
Проектот „Ракомет
За Секое Дете“, во организација на КМГ Спорт, ја најавува промотивната кампања
под слоганот „Кој е за ракомет?“, со која ќе започне петтата сезона од
реализацијата.
Кампањата опфаќа организација на настани со демо-тренинзи и натпревари во мини
и голем ракомет на отворено, наменети за деца од 6 до 13 години. Настаните ќе
се одржат на повеќе локации во Скопје и Велес, каде што засега функционира
проектот, и ќе бидат од отворен карактер.

Промотивната кампања ќе започне со стартот на новата учебна година и ќе трае во текот на месец септември - период кој симболизира нови почетоци и можности.
Проектот „Ракомет За Секое Дете“, кој започна во 2021 година, се состои од три сегменти: школа за ракомет во повеќе населби во Скопје и во Велес, Јуниор Куп - турнирски систем во мини-ракомет, меѓународен ракометен камп „40х20“, кој ова лето ќе го одбележи своето јубилејно петто издание во Охрид со учесници од земјата и странство.


Горан Ѓоргоноски
Координатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“
ПР објава
Слично
