Почнуваш бизнис? Започни без банкарски трошоци со ПроСтарт од ПроКредит Банка
ПроКредит Банка преку актуелната кампања повторно го става во фокус ПроСтарт пакетот – решение наменето за поддршка на новоосновани компании во нивните први и најпредизвикувачки фази од развојот.
Знаеме дека на почетокот секој трошок е важен. Затоа ПроСтарт пакетот им овозможува на стартапите 2 години бесплатно користење на банкарски услуги, со цел да се фокусираат на раст и развој на својот бизнис.
Дополнително, пакетот е наменет не само за новоосновани компании, туку и за постоечки бизниси кои се во рана фаза на развој (до 2 години од основање), дури и доколку веќе имаат сметка во друга банка. Овие компании имаат можност да се префрлат и да ги користат поволностите од ПроСтарт пакетот до истекот на втората година од нивното постоење.
„Знаеме дека на почетокот секој трошок е важен. Затоа го создадовме ПроСтарт – пакет кој им овозможува на стартапите стабилна финансиска основа и сигурен партнер уште од самиот старт“, велат од ПроКредит Банка.
Пакетот е дизајниран да ги одговори реалните потреби на новите компании и вклучува:
· 2 години бесплатно одржување на сметка и бесплатни трансакции во земјата
· Електронско и мобилно банкарство
· Бизнис дебитна картичка
· Личен советник за бизнис клиенти
· Пристап до ProConnect платформата
· Поволни провизии за меѓународни трансакции
· Автоматизирани приливи од странство
· Можност за кредитирање во зависност од обртот преку сметка во ПроКредит Банка
· Пристап до едукативни настани и можности за вмрежување
Личниот советник за бизнис клиенти претставува главна точка на комуникација со банката и обезбедува поддршка при извршување на банкарските операции, како и при носење информирани финансиски одлуки.
Пакетот овозможува бесплатно одржување на сметка во првите 2 години од основањето на компанијата, како и неограничен број трансакции во земјата без надоместок.
Дополнително, преку поволни услови за трансакции со странство и автоматизирани приливи, се олеснува меѓународното работење на компаниите.
Како дел од пакетот, клиентите добиваат пристап до ProConnect – дигитална платформа која овозможува поврзување со бизниси од 12 земји и поддршка за развој на меѓународни деловни активности.
Преку ПроСтарт, ПроКредит Банка континуирано ја потврдува својата посветеност кон поддршка на малите и средни претпријатија и развој на стартап екосистемот.
За повеќе информации, заинтересираните компании можат да се обратат на 071 229 608 или да ја посетат веб-страницата на Банката. ProCredit Bank - Стартапи
ПР објава