Почнала бизнис на 47 години и вели дека сè е можно…
Жаклина Недељковиќ во мај лани основала сопствена амбуланта после долги години работа во државно, затоа што решила до пензија да работи за себе, а не се други.
На ваков чекор се одлучила на 47 години после 13 години работа во државно. Објаснува дека ја напуштила сигурната работа која била добро платена и запливала во претприемачките води кои се понесигурни.
„Поминав 13 години во работа со психијатриски пациенти и сфатив дека тоа не ми е определување за кариера до пензија. Така се роди идеја да се осамостојам, да не асистирам за други и да престанам да ја трошам енергијата за туѓа работа. Се роди идеја да до пензија водам свој бизнис, да го искроистам стекнатото знаење и исксутво“ - раскажува таа.
Регистрирала амбуланта за здравствена нега на бебиња, деца, возрасни, во домашни услови или на терен.
Називот „Мобилна сестра“ го заштитила на почеток иако тоа имало финансиски импликации.
Најтешко било на почеток, затоа што како што вели била и работник и оперативец и директор. Сега вели дека најголем проблем е работата на „црно“ и нелојалната конкуренција.
Недељковиќ вели дека приватен бизнис е за оние кои знаат да бидат истрајни и да се прилагодуваат, во спротивно подобро е луѓето да се одлучат за работно време од 8 до 16 часот.
