Економија, финансии, бизнис

Контакт

Почна реализацијата на трансконтинеталниот проект „Младите ја обликуваат иднината YouLEAD“

Почна реализацијата на трансконтинеталниот проект „Младите ја обликуваат иднината YouLEAD“

Во Струга започна реализацијата на трансконтинеталниот проект „Младите ја обликуваат иднината [YouLEAD]”, подржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програма.

Во овој двогодишен проект се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО секторот од 11 држави и тоа од Австрија; Аустралија; Бугарија; Германија; Грција; Казакхстан; Киргистан; Непал; Полска; Узбекистан и Северна Македонија.


Основна цел на YouLEAD проектот е да се развијат капацитетите на членовите на проектниот конзорциум (универзитети; бизнис секторот и НВО) за зголемување на јавната свест преку константен притисок врз владите и јавниот сектор за имплементација на целите на одржливиот развој со користење на алатките на дигитилниот маркетинг, пред се, на мобилните телефони.

Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на нашето време. Овој императив може да се исполни ако постои радикален пресврт. Во срцето на оваа промена во глобалната иновативна агенда е поголема почит кон културната разновидност, регионалната разновидност и демократската одговорност.


Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.


Слично

Поврзани вести