Економија, финансии, бизнис

Контакт

Побрзи и поефтини уплати на дневниот промет достапни 24/7

Побрзи и поефтини уплати на дневниот промет достапни 24/7

Вчера ПроКредитБанка го претстави новиот работен концепт во банкарството Зона 24/7 кој го воведе во експозитурите ширум земјава.

Автомати по светски стандарди и поволности кои ќе им бидат од корист пред се на граѓаните, работно време 24 часа, седум дена во неделата.

Новите автомати нудат технологија која нуди различни можности за уплата и исплата на готовина во денари.

Наместо во банка, директно на банкомат ќе може да се уплаќа дневниот промет. Европскиот современ систем почна да се применува во Македонија. 24 часа уплата и исплата во денари и евра.

Новиот концепт ЗОНА 24/7 нуди низа предности и за бизнисмените и за граѓаните.

АВТОМАТИ И ФУНКЦИОНАЛНОСТИ

Кои се функционалности ги нуди Автоматот за уплата и исплата на готовина

bankomat za uplata i isplata1

Она што го нудат новите машини за претпријатијата е што може да вршат уплата на дневен промет во готовина. Едноставно со внесување Visa Business или ProCard и внесување на деноминации од 100, 500 и 1000 мкд, трансакцијата се завршува за  2 минути, а средствата се расположливи веднаш. И исплата на готовина е достапна во секое време. За оваа не се наплаќа никаква провизија без разлика во колку часот е извршена транскацијата. Ова е значајна предност, со оглед дека во сите банки уплатата на дневен пазар во готовина е само бесплатно до 12.00 часот, кога воедно се создаваат големите гужви и редици.

За еден бизнис постојат низа придобивнки од новите автомати.

Како прво - поефикасно планирање на времето - 24/7 достапна услуга, вклучувајќи викенди и празници. Исто така и подобра алокација на ресурсите, наместо во работни часови сопственикот да одвојува време да го носи прометот, или пак да праќа вработен, може да ги релоцира ресурсите кон по продуктивни активности. Можноста да се уплати готовината во секое време, во убави светли простории-Зони 24/7 со постојан видео сигурносен надзор го намалува ризикот од кражба, губење на готовина во текот на ноќта-проблем со кои се соочуваат бизнисите по работно време доцна навечер, за викенди и празници кога е потребно да се најде сигурно решение за чување на дневниот пазар.

За Физичките лица автоматот  овозможува уплата и исплата на трансакциска и штедна сметка со дебитна картичка од ПроКредит Банка.  За прв пат може да извршуваат уплата и исплата покрај во денари и во евра со внес на деноминации од 100, 500 и 1000 МКД и 10,20,50 и 100 ЕУР со расположивост на средствата веднаш. За граѓаните ова претавува голема придобивка особено од аспект на можностите за флексибилно штедење и фактот дека за потребната готовина не мораат да прават менувачко работење, туку дирекно да добијат девизи. Штедењето на штедна сметка сега нуди можност да повлекувате и вложувате кога сакате, да заработите камата на износот кој во моментот е на штедната сметка, апсолутно достапно секаде и во секое време, без никакви трошоци за исплатите. Со електронското банкарство исто така може да се управуваат салдата на сите штедни и транскациски сметки т.е електронски да се префрлува од една на друга сметка или од една во друга валута.

Она што нуди дополнителни можности е СЕФОТ ЗА ДНЕВЕН ПРОМЕТ

sef za dneven promet1

Претпријатијата можат да направат уплата на поголеми износи на дневен промет вклучувајќи различни деноминации (10, 50 МКД) и кованици. Прометот клиентот го депонира во сефот во специјални сигурносни кеси (обезбедени од банката) за една употреба, со уникатен бар код претходно поврзан со клиентот: Вратата на сефот се отвара преку специјална магнетна картичка (обезбдена од банката) заради идентификација на клиентот. Практично уплатата се извршува со еден клик и буквално за неколку секунди операцијата е завршена.

ИНФО ТЕРМИНАЛ

Info terminal

Инфо терминалот овозможува плаќање и сите останати операции преку системот на електронско банкарство, Електронски и печатени производи и Ве информира за последните новости на банката преку веб страната.

Придобивка е тоа што постои можност за пристап од страна на клиентот, овластен вработен или сметководител и можност да се направи електронско плаќање или да се испечати извод од сметка веднаш по извршена уплата на готовината на другите автомати која веднаш е достапна за сметка.

Банката засега располага со 3 типа на автомати со различни функционалности, а во иднина најавуваат дополнителни.

Искуството покажа дека ова е практично решение за многу бизниси кои работат со готовина. Досега 27% од клиентите ги прават трансакциите по работното време на банките, по 16.00 часот. Бројот на вакви клиенти постојано расте, што значи дека овие новини се значајна придобивка за нив.

prokredi opsta slika

Слично

Поврзани вести