Економија, финансии, бизнис

Контакт

По цена од 186 денари откупени 18.000 тони тутун од ланската реколта

По цена од 186 денари откупени 18.000 тони тутун од ланската реколта

Засега прогнозите на Сојузот на тутунските здруженија се остварени.

Оттаму посочија дека досега се откупени околу 18.000 тони тутун од ланската реколта по  цена од 186 денари.

Откупот завршува на крајот на месецов, а законскиот рок е до 15 март.

 Останува да се откупи тутунот уште во пелагонискиот регион, во Долнени, Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

„Со измените во Законот за тутун, до крајот на февруари, сите откупни компании треба да го испратат текстот на новиот договор што ќе го склучат со тутунарите. Треба да ги понудат цените кои Сојузот на тутунските здруженија треба да ги разгледа и да даде мислење“, изтакна претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески.

Согласно договорите откупот се врши на 152 откупни места и на 186 ваги, а се проценува дека од реколтата од 2015 ќе бидат откупени околу 25.000 тони тутун.

Лани просечната цена за килограм тутун изнесуваше 117 денари.

Од тутунот  живеат 150.000 до 200.000 граѓани, а очекувањата на надлежните се дека оваа година тутунопроизводството и постојаните тутунари ќе се стабилизираат а површините со тутун ќе се зголемат.

Слично

Поврзани вести