По трет пат Еуролинк осигурување доделува стипендии за студенти на Правниот факултет
По трет пат, компанијата Еуролинк осигурување додели 26 стипендии на перспективни млади луѓе од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање.

За стипендијата аплицираа студенти на додипломските и на постдипломските студии од сите студиски насоки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.


„Преземете одговорност за својот живот, правете го тоа несебично и без калкулации бидејќи најчесто во животот жалиме за работите што воопшто не сме ги направиле, а не за оние што сме ги направиле и биле можеби добра лекција и одлично искуство. Бидете луѓе што не жалат, туку луѓе што решаваат проблеми, преземаат иницијативи, поставуваат трендови, кои со насмевка и позитивен став му пристапуваат на секојдневието, бидете луѓе што ќе бидат запаметени”.

Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности“ во редот на активности со кои се промовираат трајните културни вредности со цел унапредување на уметноста и на културата во земјата.
