По скоро шест децении американски автомобил во Куба
По 58 години американски автомобил се појави во Куба.
Американското ембарго на Куба, во средината на минатиот век, доведе до тоа локалната флота да стане застарена и еднолична. .
Само неколку дена по смртта на кубанскиот лидер Фидел Кастро, ова се промени. Се работи за модел на јапонската марка Infiniti, кој е произведен во САД.
Првиот автомобил од американското производство, кој е регистриран на територијата на Островот, по „слободата“ веќе е во евиденција кај локалните власти. Пристигнувањето на автомобилот се случило благодарение на главниот дизајнер на Infiniti - Алфонсо Албаис, кој е и еден од извршните директори на компанијата. Тој израснал во САД, но неговите родители се Кубанци. Сега тој имал можност за прв пат да посети Куба и да се разгледа некои од локалните знаменитостите.
