Економија, финансии, бизнис

Контакт

По повод СВ. ТРИФУН, СКОВИН ги закрои своите лозја

По повод СВ. ТРИФУН, СКОВИН ги закрои своите лозја

Традиционално како и секоја година  по повод одбележувањето на празникот посветен на заштитникот на лозарите и винарите Св. Трифун, тимот на Сковин АД Скопје  на  локација Добри Дол, го изврши свеченото закројување на лозјата.

skovin1

На чинот на закројувањето на лозовите насади на Сковин присуствуваа нивни долгогодишни соработници и партнери, со кои заедно посакуваат бериќетна и плодна берба и производство на квалитетно вино , со надеж дека истото се почесто ќе се наоѓа на трпезите и надвор од Македонија.

Македонското вино со години наназад е заштитен бренд на нашата земја,препознатли  во по својот врвен квалитет и специфичен вкус.

skovin

Св.Трифун дава надеж за добра берба, односно дека  родот ќе биде квалитетен и ќе се произведе квалитетно вино. Самото закројувањето е еден вид на обред, но во сето тоа има и подлабока содржина. Поточно со него се офромува идниот род и според процентот на здрави окца на лозјето, лозарите ќе знаат што да очекуваат.

Слично

Поврзани вести