По повод 10 годишнината Кроациа ве наградува и во месец Јуни
По повод 10 годишнината од основањето на Кроациа Осигурување – Живот, Друштвото и овој месец (јуни) спроведува наградна игра за своите лојални осигуреници и редовни плаќачи.
Со подмирување на Вашите доспеани рати заклучно до 30.06.2015 година учествувате во наградната игра „10 години Кроациа“.
Право на учество во оваа наградна игра имаат сите Осигуреници кои заклучно 30.06.2015 година ќе ги подмират сите доспеани рати по основ на својата полиса за животно осигурување. Во оваа наградна игра право на учество имаат и сторнираните плиси кои со подмирување на доспеаните рати заклучно 30.06.2015 година ќе се водат како реактивирани. Најсреќниот од нив ќе биде награден со 7 дена за двајца во VIKINGEN QUALITY RESORT 5* Аланија - Турција со Ultra All Inclusive услуга.
Од Кроација упатуваат благодарност што секојдневно им овозможувате да се развиваат кон подобро, прераснувајќи во ЛИДЕР на пазарот. Ветуваат дека и понатаму сите нивни напори ќе бидат насочени кон оправдување на довербата која ја добиваат и најавуваат уште многу подароци и наградни патувања.


