По повод 10 годишнината Кроациа Осигурување – Живот ве наградува
По повод 10 годишнината од основањето на Кроациа Осигурување – Живот, Друштвото одлучи дополнително да ги награди своите лојални осигуреници и редовни плаќачи.
Во контекст на укажаната доверба и лојалност која е нивен двигател кон врвот од Компанијата одлучија да ги наградат редовните плаќачи.
Имено, со подмирување на Вашата доспеана рата заклучно до 31.05.2015 година учествувате во наградната игра „10 години Кроациа“.
Право на учество во оваа наградна игра имаат сите осигуреници кои заклучно 31.05.2015 година ќе ги имаат подмирено сите доспеани рати по основ на својата полиса за животно осигурување. Најсреќниот од нив ќе биде награден со викенд за двајца во хотел со 5 ѕвезди на Халкидики - Грција со All Inclusive услуга.
Од Кроациа Осигурување им се заблагодаруваат на сите оние кои им овозможуваат да се развиваат кон подобро, прераснувајќи во ЛИДЕР на пазарот. Ветуваат дека и понатаму сите нивни напори ќе бидат насочени кон оправдување на довербата која ја добиваат и најавија уште многу подароци и наградни патувања.
За кампањата „10 години КРОАЦИА“ можете дополнително да се информирате на тел: 02 3215 083 – грижа за корисници лок. 102 и 206.