Економија, финансии, бизнис

Контакт

По купувањето на Славија, што Субрата Рој прави денеска во Охрид?

По купувањето на Славија, што Субрата Рој прави денеска во Охрид?

Милијардерот од Индија, Субрата Рој, денеска во Охрид ги претставува плановите за инвестиции во земјава, а е во посета и на локацијата каде што ќе го гради туристичкиот комплекс, лоциран на крајбрежјето на Охридско Езеро кај Љубаниште.

Проектот „Сахаријан Македонија“ е дело на една од најпознатите светски британски архитектонски компании „Аткинс“ и архитектот Том Врајд кој го има проектирано и грандиозниот и најпознат хотел Буџ Ал Араб во Дубаи, единствен хотел со 7 ѕвезди во светот.Архитектонската  компаниија „Аткинс“ е дизајнер и на еден од најлуксузните бродови во светот „Oasis of the Seas“. Имаат дизајнирано луксузни објекти во Русија, Обединетите Арапски Емирати, Сејшелските острови, Индија, Тајланд, Кипар, Индонезија, и многу други земји. „Планираат во Охрид да има специфичен пловечки хотел со казино, пристаниште, голф терен на многу високи ниво, спа центар, вили кои ќе бидат дадени на продажба. Предложени се хотелски сместувања, конференциски сали, шопинг центри и друго. Предвидуваат и неколку оргинални и ексклузивни содржини за кои можеме да напоменеме дека ќе ги има само во овој комплекс, односно на Охридското Езеро и никаде на друго место во светот“, информираа од Министерството за финансии.

Инвестицијата од Субрата Рој, посочуваат од Министерството ќе ја продолжи туристичката сезона во Охридскиот регион да биде 365 дена во годината и ќе креира и илјадници работни места, а ќе го поттикне градежништвото и други индустриски дејности во земјава.

Инаку, Рој веќе ја договри и зделката за купување на хотелот Славија каде ќе  бидат сместени неговите архитекти и работници. Дека индиската компанија Сахара Индија Паривар на чело со Субрата Рој ја купи Славија, за Фактор потврди досегашниот сопственик Владо Рувинов. “Точно, индискиот бизнисмен Субрата Рој стана сопственик на хотелот Славија. Можам да кажам дека четиримесечните последни преговори вродија со плод. Субрата Рој дефинитивно го купи хотелот со најубава локација на Охридското крајбрежје. Сакам да искажам огромна благодарност до премиерот Груевски, до министерот Ставрески и до директорот Мизо за се што до сега направија, што во земјава донесоа сериознен инвеститор како Субрата Рој. Со ова, но и со реализацијата на грандиозниот проект на Субрата Рој во Љубаништа мислам дека ќе се прероди и Охрид и Македонија“, изјави за Фактор Рувинов.
Слично

Поврзани вести