Економија, финансии, бизнис

Контакт

По еден месец на продажба iPhone 7 е најевтин во Дуна Компјутери

По еден месец на продажба iPhone 7 е најевтин во Дуна Компјутери

Премиум смартфонот iPhone 7 веќе еден месец се наоѓа во широка продажба во Македонија и корисниците може да го набават од продавниците за електроника каде се нуди без склучен договор и со слободна SIM картичка што е поголема предност од купување од мобилните оператори кои пак од друга страна овозможуваат со склучен договор и поголем попуст, но сте врзани со договор. 

Цените на iPhone 7 во Македонија се уште не се променeти и се истите од самиот старт со тоа што најевтин iPhone 7 со 32 GB меморија може да се купи во Дуна Компјутери каде чини 47.900 денари. Тие го нудат и основниот iPhone 7 Plus за сума од 56.900 денари што исто така е доста прифатливо за пазарот. 

Во АМЦ се нуди iPhone 7, но со 128 GB меморија и чини 55.990 денари.


Во ланецот на маркети Нептун iPhone 7 се продава за 48.999 денари за верзијата со 32 GB меморија. За 10 денари iPhone 7 поевтин е во Анхоч.

Освен Дуна, кои традиционално увезуваат iOs уреди и се официјален риселер на Apple, iPhone 7 во Македонија може да се купи и преку македонската верзија на iStyle риселерот кој пак, оваа година има ексклузивна европска лиценца од Apple. 

Од веб сајтот на iStyle може да го купите новиот iPhone 7 со 32 GB меморија за 48.990 денари. iPhone 7 Plus тука може да се купи за 57.990 денари. 


Дали вие би го купиле iPhone од продавница за електроника или пак, би ги разгледале понудите на операторите со склучување на договор за претплата?


Слично

Поврзани вести