Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Брегзит британските фармери ќе се борат за пристап до европскиот пазар

По Брегзит британските фармери ќе се борат за пристап до европскиот пазар

Резултатите од референдумот одржан во Велика Британија покажаа дека повеќето жителите сакаат нивната земја да излезе од составот на Унијата.

Dairy Site ја објавува оценката на британските фармери по Брегзит.

Претседателот на Националниот сојуз на фармерите на Британија, Меуриг Рејмонд соопшти дека се ангажира заедно со британската влада да се потпишат нови договори за пристап на британските земјоделски производи до нови пазари, вклучувајќи го и  европскиот пазар.

Исклучително важно е британското земјоделство да е рентабилно и да остане конкурентно, дополнува Рејмонд. Важно е да водиме политика на протекционизам, за да не дозволиме прилив на увоз, вели тој.

„Одлуката да се напушти Европската унија неизбежно ќе доведе до период на неизвесност за голем број прашања кои имаат витално значење за британските фремери„- додава тој.

Во најскоро време членовите на трговската унија ќе направат голем број средби за одредување на понатамошната стратегија за работа и за решавање на актуелните проблеми на секторот.

Слично

Поврзани вести