Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 5000 денари за секое новороденче,жител на Општина Центар

По 5000 денари за секое новороденче,жител на Општина Центар
Во рамки на активностите предвидени со Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца, Општина Центар продолжува со практиката за помош и поддршка на  сите новородени деца во 2013 година, чии родители се жители на Општината. За таа цел, и оваа година, Општината ќе додели еднократен паричен надомест на секое новороденче, родено во перидот од 01 јануари 2013 до 31 декември 2013 година. Еднократниот паричен надомест е во висина од 5.000,00 денари. Подносителите на барањата, потребно е да ги достават следните документи: извод од матичната книга на родените (за новороденчето), лична карта на еден од родителите и копија од трансакциска сметка на еден од родителите. Потребните документи, можат да се поднесат секој работен ден од 09 до 15 часот, во барака 6 на Општина Центар.  
Слично

Поврзани вести