Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 5 илјади денари за секое новороденче од Аеродром, рокот истекува!

По 5 илјади денари за секое новороденче од Аеродром, рокот истекува!

 На 31 јануари истекува рокот за еднократна парична помош за децата родени во 2012 година во општина Аеродром. Како што информираат од општината, документите може да се достават во опшитнската зграда секој работен ден до 16.30 часот.

Еднократната парична помош се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до општина Аеродром со уредно приложена документација, која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството и живеалиштето на подрачјето на општина Аеродром. Право на еднократна парична помош за новороденче имаат родителите чија адреса на живеење е во општина Аеродром.

Потребни документи кои треба да се достават на увид се - извод од матичната книга на венчаните, извод од матичната книга на родените (за новороденчето), важечки лични карти/други исправи од двајцата родители за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром (или една доколку има самохран родител и дополнителна изјава), копија од трансакциска сметка и пополнето барање за еднократната парична помош.
Слично

Поврзани вести