По 200 филма и 200 скршени коски Џеки Чен конечно до Оскар
Кинескиот актер Џеки Чен по обемната филмска кариера во која не го штедеше своето тело конечно стигна до највредното признание Оскарот, иако станува збор за почесна награда надвор од редовната церемонија на Академијата за подвижни слики во Лос Анџелес.
„Како да сум во сон. Конечно, по 56 години во филмската индустрија со 200 снимени филмови и уште толку искршени коски ова е мое“, изјави Чен откако ја доби Златната статуетка.
Чен е роден во Хонг Конг и стана икона на филмовите со боречки и кунг фу вештини во кои маестрално го вклопи физичкиот хумор. Токму тоа беше издигнатото со врвни пофалби од Том Хенкс кој му врачи наградата на Џеки Џен посочувајќи дека на Оскарите оваа категорија била неоправдано изоставена.
Слично
