Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Плива“ по втор пат добитник на наградата Супербрендс Македонија

„Плива“ по втор пат добитник на наградата Супербрендс Македонија
Фармацевтската компанија „Плива“ по втор пат е добитник на наградата Супербрендс Македонија. Оваа награда, „Плива“ ја доби, благодарение на гласовите на повеќе од 20 илјади крајни корисници и стручното жири, за извонредни достигнувања и квалитет за 2013/14 година на меѓународната организација „Супербрендс“. „Супербрендс“ се доделува на бренд кој има високо оценет квалитет, оригиналност и емоционална вредност за крајниот корисник. Меѓународната организација „Супербрендс“ е единствен глобален и независен авторитет во подрачјето на брендирање, а присутна е во повеќе од 88 земји ширум светот. - Оваа награда за „Плива“ е доказ за квалитет, високи стандарди и потврда за значењето на нејзиниот бренд на македонскиот пазар и на пазарот во целиот регион - изјави Петар Велкоски, директор на „Плива“ - Скопје. Првпат оваа награда „Плива“ ја освои во Македонија во 2011 година.
Слично

Поврзани вести