Плазма и Роса им посакуваат на првачињата успешен старт на учебната година со подарок пакетчиња
Министерството за образование и наука и ЗЕЛС потпишаа Меморандум со социјално одговорните компании Бамби и Пивара Скопје, според кој над 21.000 првачиња кои ќе го започнат своето школување на 1 септември, ќе добијат подарок пакетчиња со производи од Плазма и Роса.
На овој начин, ЗЕЛС, Министерството за образование и наука и компаниите со општествена одговорност преку своите брендови им посакуваат успешен почеток на најмладите ученици, одбележувајќи го овој важен момент во нивните животи.

„Почетокот на учебната година е посебен и незаборавен момент за првачињата, за прв пат влегуваат во училиште, се сретнуваат со наставници и нови другарчиња, почнуваат да учат, да откриваат, да соработуваат и да бидат одговорни. Ваквите акции им покажуваат на најмладите дека пошироката заедница ги поддржува и ги охрабрува“, рече министерката Јаневска.
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски рече дека грижата за учениците е една од основните обврски на општините, како основачи на училиштата.
„Градоначалниците обединети во ЗЕЛС, но и сите како родители и граѓани, сакаме првооделенците да имаат добри сеќавања за првиот училишен ден. Заедно со компаниите кои инвестираат во заедницата сакаме првачињата да почнат на училиште со радост, и ова е добра порака дека ни се важни“, нагласи Ѓорѓиевски.
Директорката за бизнис развој во
Бамби, Милица Шетка, рече дека се радува што Плазма се врати во Македонија по
предизвиците со кои се соочуваше поради пожарот во фабриката во Пожаревац, поради кој беше запрено
производството.

Брендот Роса, посветен на здравото растење, се приклучи на оваа иницијатива.
„Длабоко веруваме дека секое дете заслужува да ја започне учебната година со насмевка, поддршка и внимание. Како компанија која расте заедно со заедницата, свесни сме колку е важно првачињата да ја почувствуваат поддршката од сите нас. Затоа, преку брендот Роса станавме дел од оваа иницијатива — за да покажеме дека веруваме во идните генерации и дека сме со нив на секој чекор,“ изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на Пивара Скопје.
Подарок - пакетчињата кои содржат ранец, распоред на часови, мозгалка, Плазма бисквити и шишенце Роса ќе бидат дистрибуирани до сите основни училишта низ државата за да ги пречекаат првачињата на 1 септември.
ПР објава
