Економија, финансии, бизнис

Контакт

Платата е 4500 евра, а никој не ја сака оваа работа! Зошто?

Платата е 4500 евра, а никој не ја сака оваа работа! Зошто?

Секторот за живинарство во Велика Британија итно бара работници кои би работеле на утврдување на полот кај младите пилиња.

Иако работата солидно е платена - 55.000 евра годишно, односно 4.583 евра месечно, никој не сака да се јави на огласот.

Треба да се истакне дека оваа работа бара посебен напор, но и искуство кое се стекнува во тригодишна обука.

Работниците имаат само три секунди да утврдат дали станува збор за кокошка или петел.

„Многу луѓе ја одбиваат долгата обука, но и самата работа“ изјавил Ендру Ларџ, претседателот на Британската федерација за живинарство.

„Да гледате секој ден во генеталиите на секое пиле не е многу забавно“, признал тој.

Слично

Поврзани вести