ПЛАТА 700 ЕВРА МЕСЕЧНО: Грчко студио бара фотографи за во хотел на островот Родос
Сакаш да фотографираш? Помини седум месеци на Родос и покажи што знаеш.
TIMEPHOTOGRAPHY е фото студио кое нуди услуги на фотографирање на гостите на хотели во еден од најпопуларните туристички места на светот, грчкиот остров Родос, а за сезоната 2016 бара четири фотографи.
Ваша задача е секојдневно да ги фотографирате гостите во текот на вечерата во различни хотели на островот и презентација и продажба на фотографиите наредниот ден.
Тоа, секако подразбира дека во комуникацијата со гостите мора да бидете срдечни, љубезни и да ги известите за можностите на фотографирање, меѓутоа тоа не би требало да биде проблем бидејќи оваа работа ќе ја добијат кандидати кои веќе во текот на селекциската постапка може да го покажат својот позитивен ставм дружељубивости, мотивираност, креативност, одговорност кон работата, тимска работа, уреденост и организираност.
Што се однесува до искуството, доволно е да имате барем три до шест месеци работно искуство во фотографирање, или да имате работено како фотограф на разни настани.
Не сте фотограф? Нема проблем, алтернативно работно искуство опфаќа работи од подрачјата на односи со јавноста, продажба и работа на аниматори, а работодавачот ви осигурува и едукација во траење од седум до девет дена.
Со одлично познавање на англиски јазик пожело е да зборувате и некој друг странски јазик, како француски, германски, руски, полски, чешки, италијански.
Секојдневната работа од 10 до 11 часа подразбира 7 часа работа во хотел, го вклучува времето на пратување до локацијата или време за кратки состаноци.
Работодавачот ги покрива трошоците на здравсвено осигурување и делумно трошковите за сместување, а обезбедува и фотографска опрема.
Платата се состои од фиксен дел и провизија. Фиксниот дел од платата изнесува 25 евра дневно па така месечно може да заработите 700 евра фиксно и провизија од 150 па до дури 700 евра. Платата се исплатува на 15 и 30 во месецот, додека провизијата се исплаќа секојдневно. По завршување на сезоната добивате и онус од 300 евра.
Сакате да се пријавите?
Најпрво детално прочитајте ги условите за натпреварот, а својата биографија и фотографија испратете ги до 6 април.
Среќно!
И не заборавајте да ни испратите разгледница! :)
