Планирате да заминете? Во оваа земја не одете сами!
Шведска е ветена земја за многу странци поради стандардот, флексибилниот амбиент за работа, но сепак има многу лош социјален живот.
Во оваа скандинавска земја живеат половина милион странци, а воедно Шведска е земја која е водечка по бројот на самци.
Во Шведска половина од домаќинствата ги сочинуваат возрасни луѓе без деца.
Според податоци на Евростат, таквиот број на домаќинства во Европа е помалку од третина.
Шведска е земја каде се пропагира културолошки независен живот. Таа е омилена дестинација за многу странци.
Извештај од 2015 година покажува дека само еден од четири дојденци во рок од пет години успеал да најде животен сопатник во земјата.
Доктор Дејвид Шулц објаснува дека Швеѓаните не се склони на јавни места да комуницираат со странци и луѓето не се социјализираат.
