Планирале патување од 10 дена, а патувале 5 години
Мајк и Ен Хауард во 2012 година тргнале на брачно патување од 10 дена, но продолжиле да патуваат цели 5 години.
Патувањето им се допаднало и тие уште патуваат.
Досега посетиле над 50 држави на сите континенти.
„Сфативме дека сакаме да посетиме што повеќе земји и да доживееме што повеќе различни искуства, а 10 дена едноставно беа премалку за сето тоа“ - објаснуваат сопружниците.
Едно вакво патување било предизвик за двајцата, но добро се организирале и имале план.
„Луѓето се прашуваат дали сме добиле на лотарија, но некогаш повеќе ќе заштедите со патување, отколку дома“ - велат тие.
На почеток дневно двајцата трошеле по 100 долари, но со текот на времето овој буџет успеале да го намалат.
Успеваат денот да го поминат со 25 долари, а за своето патување пишуваат на блог од кој заработуваат, па дури објавија и книга.
