Вчера
во Штип беше отворена „Coca-Cola Активна зона“, донација од Пивара Скопје и од
компанијата Coca-Cola, со што, всушност, започна вториот циклус од долгорочниот
проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola за донација на активни зони
ширум земјава. Во рамките на овој проект, минатата година беа отворени пет, а
годинава е предвидено отворање на уште пет рекреативно-спортски зони.

Зоните
се состојат од најсовремена фитнес-опрема, 5 професионални фитнес-справи што ќе
им бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

„Со
продолжување на овој проект ја потврдуваме долгогодишната заложба на нашата
компанија за промоција на спортот и рекреацијата, но и поддршката што ја даваме
за добробит на заедницата. Минатата година се обврзавме дека активните зони ќе
станат традиција и ќе ги има ширум земјата, а продолжувањето на проектот е
доказ за тоа. Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola како општествено одговорни
компании преку разни проекти и донации постојано вложуваат во заедницата. Ми
претставува задоволство што со оваа донација и граѓаните од сите генерации на
општина Штип добиваат место за рекреација во текот на целиот ден и верувам дека
добро ќе се грижат за зоната и ќе ја користат секојдневно“, изјави директорот
за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

„Се
радувам што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola излегоа во пресрет на
барањето на граѓаните на Општина Штип за донација на ’Coca-Cola Активна зона‘,
упатено до нив уште минатата година кога започна проектот, и го остварија
ветеното. Се надевам дека ’Coca-Cola Активната зона‘ ќе стане најпосетено место
во градот, каде што Штипјани ќе имаат можност за рекреација, дружење и забава“,
изјави м-р Илчо Захариев, градоначалник на Општина Штип.

Проектот „Coca-Cola Активни зони“
е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот на Пивара Скопје
во соработка со компанијата Coca-Cola. Како дел од истата платформа, Пивара
Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше низа
успешни проекти. Меѓу нив позначајни се Coca-Cola фудбалскиот куп, 5-те
бесплатни паркиралишта за велосипеди во Скопје, како и 5-те Coca-Cola Активни
зони од првиот циклус во 2016 година.