Економија, финансии, бизнис

Контакт

Pickbox NOW овозможи неограничени содржини за целиот регион

Pickbox NOW овозможи неограничени содржини за целиот регион

Бесплатни содржини до следното известување

Хрватската стриминг услуга Pickbox NOW преку официјалните профили на Facebook и Instagram упати апел за солидарност, одговорно однесување и помош на општеството кон поединците и компаниите.

За во оваа неочекувана ситуација да го дадеме својот мал придонес кон заедницата, овозможено е бесплатно користење на услугата Pickbox NOW. Сите серии, филмови и документарни емисии се достапни неограничено на подрачјата на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Македонија и Црна Гора.

За пристап до сите содржини од понудата доволна е само регистрација, без внесување податоци за плаќање, на www.pickbox.tv илиапликацијата Pickbox NOW.

ЗА УСЛУГАТА НА БАРАЊЕ PICKBOX NOW

Pickbox NOW го носи најдоброто од холивудската и европската продукција од светот на сериите и филмовите, преку онлајн услугата за видео на барање и преку понудата на одбраните телекомуникациски оператори во Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Слично

Поврзани вести