Економија, финансии, бизнис

Контакт

PHOENIX PHARMA домаќин на овогодинешниот јубилеен 10-ти по ред ОКТОБЕРФЕСТ во Скопје

PHOENIX PHARMA домаќин на овогодинешниот јубилеен 10-ти по ред ОКТОБЕРФЕСТ во Скопје

И оваа година, последниот четврток од месец септември, по 10-ти јубилеен пат во Скопје се одржа Октоберфест, во организација на германската  стопанска комора. Гостите беа дочекани во просторот на германските компанииPHOENIX Pharmaи El Pharma, домаќини и генерални спонзори на настанот.

Повеќе од 1500 посетители имаа прилика да ја доживеат атмосферата и традицијата на оваа манифестација, уживајќи во пивото и вкусната традиционална баварска храна, во прекрасен простор обоен во сино-белите бои на Октоберфест.

Во име на домаќинот, добредојде на гостите им посака директорот на PHOENIX Pharma:

„Среќен сум што и овде постои една ваква манифестација и што имаме можност заедно со своите соработници и клиенти да уживаме во германската традиција и уште подобро да се запознаеме“.

Гостите имаа можност да се запознаат и со програматаза соработка со аптекина PHOENIX Pharma - BETTY, која веќе две години постои во Македонија: „Кога сте во аптеките BETTY можете да бидете сигурни дека на вистинско место се грижите за своето здравје“.

Погледнете дел од атмосферата на овогодинешниот Октоберфест.




Слично

Поврзани вести