Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа41 пријава, а интерната жири-комисија, составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот, го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите.

Имињата на избраните 15-мина (по азбучен ред на презимето) се: Андреј Анѓеловиќ, Надица Банишка, Сања Василева, Душко Двојаковски, Вероника Димоска, Сара Ѓорѓијоска, Селин Есад, Моника Ивановска, Анамарија Јанкова, Јане Моневски, Милена Неделковска, Мила Поповска, Дарио Постоловски, Стефан Спасовски и Карла Шкрлец (Хрватска).

Настанот ќе се одржи на 29мај, од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“, а самите поети учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на фестивалот на 30 мај, заедно со другите учесници во официјалната програма.

– Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат!Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката – велат организаторите.

​  „Скопскиот поетски фестивал“, чиешто четврто издание ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни, е поддржан од Министерство за култура, а негови помагатели се Младинскиот Културен Центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, Кајгана, Умно и Култура Бета.

ПР Објава

Слично

Поврзани вести