Пет типови на одмор за креативците
Како оние луѓе кои се занимаваат со креативна работа да добијат идеја за уште покреативен одмор? Сајтот TheNextWeb дава неколку предлози за креативен одмор.
медитација
Стресот ја убива креативноста. Медитацијата донесува добробит веднаш. Постојат многу техники, но основно е да одвоите 10 минути и да мислите на дишење. Пуштете ги мислите да ви поминуваат низ глава. Наскоро умот ќе ви се избистри. Како што повремено морате да рестартирате компјутер, така ќе мора и да медитирате.
хоби
Креативците и кога се одмораат можат да бидат креативни. Хобито не мора да носи профит, но ќе ви помогне да направите нешто ново.
шетање
Кога немате инспирација и чувствувате дека сте „заглавени“ тогаш шетајте. На својот ум дајте му пауза, а на телото движење.
спиење
Се смета дека креативците малку спијат или не спијат. Но, недостигот од сон ги убива идеите и креативноста.
вистински одмор
Некогаш освен да земете здив, ви треба и вистински одмор, отсуство, патување. Треба да заминете на некој период и да не размислувате за обврски и работа. Ако сте на раб да „изгорите“ од работа, тогаш ви е потребен одмор.
