Пет сончеви европски дестинации кои секој треба да ги посети во есен
Дестинации за оваа есен
Сонцето ќе го гледаме се поретко, но тоа не значи дека треба да се откажеме од уште некој ден одмор. Додека температурата почнува да паѓа во некои делови од светот, има европски дестинации, кои се уште се радуваат на почетокот на есента. Да, тоа вклучува и совршена температура на водата, свеж есенски ветар и сето тоа по пониски цени.
Ви нудиме пет дестинации кои секој треба да ги посети пред зимските месеци.
1. Крит, Грција

Една од најпознатите дестинации во Европа, Крит е можеби најдобро познат по мистериозните сончеви плажи, динамичниот градски живот и живописните селца. Кога ќе дојде есен, грчкиот остров нуди идеална температура на водата - 23-25 степени. Ако го изберете островот за ваша дестинација, ви препорачуваме да изнајмите автомобил: истражете ги православните манастири, винариите, проверете ја и пештерата, каде што е роден Зевс. Слабата сезона во Крит е помеѓу ноември и март, кога може да ги искористите и пониските цени.
2. Малта

Ако барате вонземни пејзажи оваа година, Малта е вашиот избор за дестинација. Архипелагот меѓу Сицилија и северноафриканскиот брег е познат со историските градови, скриени заливи и варовнички карпи. Со темепература на водата од 25 до 27 степени во октомври и не помалку од 20 степени во ноември, нурнувањето во сините води може да биде една од целите на вашето патување. Најмалата земја во Европа импресионира со убави острови - како Гозо, љубителите на историјата може да се одлучат за патување до Валета, Мдина и малиот град Паола.
3. Сардинија, Италија

Друга медитеранска опција е овој италијански остров кој нуди една од најубавите плажи во Европа. Меѓу активностите тука се забава смарагдните води кои паѓаат до 20 степени на крајот на октомври. Ако сте љубители на авантури, дивите предели на Сардинија - од островот Ла Мадаленас до карпите на Голфо ди Оросеи - ви ветуваат незаборавни мигови. Не пропуштајте и патување до „Gola Su Gorropu“ (наречен Европскиот Голем Кањон).
4. Апулија, Италија

Може веќе е есен, но сонцето сеуште продолжува да ги мие бреговите на Апулија. На границата на Јадранското и Јонското Море, местото нуди пријатни температури по месеците топло лето. Посетете ги историските винарии на Полинјано а Маре, Лече, Виесте и Бари, или спуштете се кон некои од плажите. Лозјата и маслиновите градини придонесуваат за автентичен италијански дух.
5. Фаро и Алгаве, Португалија

Иако е популарен најмногу меѓу јули и август, португалскиот регион привлекува со ладните води на Атлантикот. Фаро импресионира со плоштадите, историските знаменитости и лагуната. Во септември и октомври температурите се околу 25 степени, па може да уживате во живописните предели, но без ниски температури. Овде ќе пронајдете дива природа, плажи и недопрени места.
