Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет штетни навики кои може да го уништат и најдобриот трговец

Пет штетни навики кои може да го уништат и најдобриот трговец

Дали потенцијалните клиенти ќе се претворат во реални зависи само од трговците. Ако еден трговски претставник е мирен, избалансиран, демонстрира увереност во производот кој го нуди, тогаш сигурно ќе ја добие довербата на човекот спроти него. Но ако е срамежлив и несигурен, тоа може да го расипе и најдобриот договор. Самодовербата е една од најважните квалитети кои треба да ги поседува секој кој се впушта во секторот на продажба. Затоа секој добар трговец треба да ги избегнува овие 5 штетни навики, ако сака да сего гарантира успехот на неговите зделки.

1. Претерување со извинувањето. За да не ве доживеат како слаб противник, треба да го ограничите извинувањето. Ако велите "Извини" за секоја тривијална грешка и за работи кои не се дури и под контрола, ќе изгледате несигурни и недоверливи во очите на човекот против вас. Освен тоа повторувањето на извинувањето ќе го намали нивното влијание, кога навистина треба да гo искористите.

2. Користење на паразитски зборови. Изрази како "хмм", "како", "знаеш", "во смисла", и др нема да ви помогнат да заработите ничија доверба, дури напротив. Сличен тип паразитски зборови во говорот пријавуваат неувереност, недостаток на доволно информации неподготвеноста во темата,итн . Најдобар начин да го исчистите говорот е така што ќе си испраќате снимање на разговор во које учествувате и ќе си ги повторувате сите непотребни зборови и изрази кои ги користите. И следниот пат кога сте на важен состанок, да си го пополните разговорот со кратки паузи наместо непотребно пелтечење.

3. Користење на премногу придавки. Иако искрените комплименти се еден од начините на трговците да создадат подобра врска со нивните клиенти, важно е да не се преминуваат границите на дозволеното. Кога човекот чуствува потреба  за фидбек, секој добар продавач мора да знае дека од него се очекува позитивна оценка. Но избегнувајте коментари од типот на "Одлична идеја", "Импресивно", "Добар поврат", и др. прекумерни фалби кои може да ви одиграат лоша шега на долг рок.

4. "Шоу гласот" за продажба по телефон. Некои трговци си создаваат посебен глас, наменет за разговор со клиенти по телефон. Тие најчесто звучат пискливо, со повдигнат тон и несоодветно весел. Ако сакате човекот од другата страна на слушалката да ви се довери и да го сослуша предлогот што сакате да му го испратите, не користете лажен глас. Експертите советуваат да бидете свои и да разговарате со него како со пријател.

5. Премногу долги телефонски разговори и состаноци. Повеќето телеттрговци имаат тенденција да веруваат дека ако се оди добро, телефонскиот разговор може да се одолговлечи повеќе од очекуваното, и тоа е добар знак. Џеф Хофман, творец на програма за обуки YourSalesMBA, тврди дека тоа не е точно. Според него, важно е да им покажете на клиентите дека цените како нивното, така и своето време и ако е потребно понекогаш да користите дури и тврди мерки за престанок на разговор по телефон или дури и на средба. Според Хофман многу подобар метод е договараш на втор повик или нова средба, на која ќе продолжи расправата за зделката, наместо да потрошите целиот свој работен ден на еден единствен потенцијален клиент.

Слично

Поврзани вести