Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет работи кои успешните луѓе ги прават пред 8 часот наутро

Пет работи кои успешните луѓе ги прават пред 8 часот наутро
Независно дали ви се допаѓа или не , максималното искористување и правилното организирање на утринските часови пред работа можби се клучот за успехот, здравјето и добриот живот, пишува Forbes . Раното станување е слична карактеристика на многу високи функционери, државни лица и влијателни луѓе. Маргарет Тачер на пример станувала во 5 часот наутро, Френк Рајт се буди во 4 , а Роберт Ајгер - извршниот директор на Disney - станува во 4.30 часот . Многу луѓе мислат дека работат најдобро ноќе. Сепак според истражувањето на Inc . Magazine оние кои стануваат рано, се поактивни и попродуктивни и имаат подобро здравје. Еве кои пет работи успешните ги прават пред 8 наутро : Вежби Повеќето луѓе кои тренираат секој ден и го прават тоа рано наутро. Дали сакате јога или вежби во салата , вежбите пред работа се тонизирачки и даваат заслужено чувство на остварување . Го планираат денот Максимизирајте ги потенцијалите и правете програма за денот , вклучувајќи ги целите и задачите . Утринските часови се вистинско време за оваа намена, а често се и единствените мирни моменти за луѓето во текот на денот. Планот  и 10-минутната пауза по стресните средби се повеќе од потребни. Оставете малку време и за вечерта , за да си подготвите добра храна за работа следниот ден . Појадуваат Многу од нас многу добро знаат што значи да се излезе на работа со чаша кафе во рака и празен стомак. Наместо тоа , одвојте време наутро за да му го дадете на телото тоа што му е потребно . Така умот ви ќе се фокусира на работата , а не врз стомакот. Визуелизација Во последно време сите зборуваат колку е важно физичкото здравје , но често менталното здравје се занемарува. Утрото е совршено време за трошење на неколку мирни моменти со себе во медитација или визуелизација . Замислете го претстојниот ден и фокусирајте се на успесите кои ќе ги постигнете. Дури и само една минута визуелизација и позитивно размислување може да го подобри расположението. Најтешките задачи - први Сите имаме барем по една задача дневно или неделно , која ни е тешка и постојано се одложува. Еве и еден лесен совет , кој ќе ви го заштеди стресот -  завршувајте ги најтешките работи први. Наместо да работите со непријатното чувство, отстранете го. Обично луѓето наутро се одморени и енергични, па затоа полесно може да се справат со тешките проекти.
Слично

Поврзани вести