Пет причини зошто е добро да грицкате кикирики
Оваа „занимација“ е вистонска енергетска бомба преполна со калории, но нутриционистите и понатаму ја препорачуваат нејзината повремена конзумација. Кикириките спаѓаат во семејството на мешунките, а богати се со витамини и минерали кои му годат на здравјето.
1. Го намалуваат холестеролот
На непржените кикирики, особено оние во лушпа, не им се додадени маснотии и сол индустриски, па станува збор за здрави намирници со бројни нутритивни својства. Кикириките се богати со здрави маснотии кои го намалкуваат штетниот холестерол, и така ги штитат срцето и кардиоваскуларниот систем.
2. Го урамнотежуваат шеќерот
Една студија покажала дека внесувањето на кикирики или путер од овие плодови во организмот може да го урамнотеќи шеќерот во кевта и така да се спречи развојот на дијабетес од типот 2.
3. Ја убиваат гладта
Кикириките се едни од најздравите грицки. Ги збогатува вкусот кој е заситен, а со тоа и добар сојузник во слабеење. Штом почуствувате глад помеѓу оброкот, заборавете на чоколада и чипс и посегнете по оваа солена грицка.
4. Го поттикнуваат памтењето
Овие грицки се одлична храна за мозокот бидејќи содржат витамин Б3 кој ја поттикнува работата на целиот орган и памтењето.
5. Богатство на хранливи материи
Дозрејувањето на плодот во заштитната лушпа им овозможува на кикириките да ги задржат сите хранливи материи, вклучувајќи и важни минерали како цинк и железо што допринесува за здравјето на целиот организам.
