Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ ПРИЧИНИ да вработите млади луѓе кои ја бараат првата работа

ПЕТ ПРИЧИНИ да вработите млади луѓе кои ја бараат првата работа

Светот оди брзо напред,  а младите луѓе одлично се носат со петтата брзина која ја бараат денешните технологии.

Пред да тргнеме во оваа тема, важно е да нагласиме дека годините никако не би смееле да бидат услов за вработување! Способноста и мотивацијата на кандидатот не зависи од нивните години. Ќе вработите постар и искусен работник или млада личност која допрва треба да почне да го гради своето работно искуство, зависи од вашите специфични потреби.Меѓутоа, доколку се одлучите за млад кандидат, нека зад тоа стојат цврсти аргументи, а не датум на раѓање:

1) Свежина и нови идеи во фирмата

Младите обично донесуваат нови и поинакви перспективи. Ако добивте шанса за својата прва работа, секако ќе бидете полни со ентузијазам и мотивација. Нивната слика за светот и нови идеи можат да ги прошират можностите и да создадете подобра визија. А еднаш кога имате визија, имате моќ да ги промените работите во таа насока.

2) Добро се снаоѓаат во технолошките достигнувања

Целосно независно за работното искуство, младите внесуваат технолошки новини и со леснотија се носат со брзите промени на технологијата. Како бизнис светот воглавно сака да направи повеќе со што помалку алат, подобро разбирање на технологијата е клуч за напредок.

3) Јасно разбираат нови маркетингшки методи и комуникација

Младите им помагаат на компаниите да ги усвојат новите начини на комуницирање, маркетинг и организирање. Лесно и често комуницирање преку веб и социјални мрежи на кои денес се поместува поголем дел од бизнис комуникацијата. Со леснотија ги следат трендовите, а истовремено од перспективи на купувачите може да кажат каков пристап „пали“ на нивната генерација и што е тоа што ги привлекува со одреден производ.

4) Светот останува на младите, вашата компанија исто така

Кога во компанијата нема млади луѓе кои еден ден ќе го поднесат товарот на водич, таа пропаѓа. Вложување во млади работници не е фрлање на пари, посебно ако ги развивате нивнте меки вештини и долгорочно ги подготвувате за водителските позиции.

5) Одлучни тимски работници се и лесно се прилагодуваат на новото работно место

Повеќето млади сакаат да работат во тим. Се навикнале на групна работа во школски проекти, свесни се за важноста на „нетворкинфот“ поради Фејсбук, блогови и Јутјуб, а работата во тим значи поголеми шанси за успех кај бизнис клиенти. Исто така, ако тоа им е првата работа, немаат „багаж“ лоши искуства со нечисти работи и лесно им се прилагодуваат на правилата на компанијата.

Слично

Поврзани вести