Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет фестивали кои може да ги посетите во Октомври

Пет фестивали кои може да ги посетите во Октомври

Овие фестивали се одржуваат секоја година, а и секој е добредојден да слави со локалните мештани. Некои од настаните привлекуваат милиони туристи годишно.

5. Фестивалот во Виентиан, Лаос

Со овој фестивал жителите на Лаос го одбележуваат крајот на постите, така што пуштаат по течението на различни реки чамци направени од листови на банана. Фестивалот се совпаѓа со уште еден - трка со чамци, а приквечер оставаат дарови во локалните храмови.

4. Фестивал за Ноќта на вештерките во САД

Во времето кога  Масачусетс бил населен претежно од пуританци, таму се случиле најмногу прогони на вештерки и се воделе најмногу случаи против нив. Околу 400 години подоцна таму сеуште можете да видите многу вештерки, волшебници, духови и гоблини, кои го освојуваат градот на вештерките.

3. Фестивал на маските, Филипини

Овој фестивал трае 20 дена. Почнал кога локалните почнуваат да почитуваат страдањата на луѓето во минатото, а денес настанот е веќе прераснат во забавен фестивал, на кој луѓето бојадисуваат лица или носат маски.

2. Фестивал на балони во Албакерки, САД

Албакерки е најголемиот град во државата Њу Мексико и таму се одржува најголемиот фестивал на балони во светот. Концерти, огномет и деноноќно летање со балон, се само мал дел од атракциите кои ги привлекуваат туристите во овој прекрасен град.

1. Октоберфест во Минхен

Тоа е најголемата пивска забава во светот која се посетува од повеќе од 6 милиони туристи секоја година. На фестивалот луѓето пиеле повеќе од 5 милиони литри пиво.

Слично

Поврзани вести