Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионерите ја поздравија иницијативата за бесплатно скијање во Маврово

Пензионерите ја поздравија иницијативата за бесплатно скијање во Маврово

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ја поздрави иницијативата на ски-центарот „Заре Лазаревски“ – Маврово за бесплатни карти за скијање за пензионерите, сметајќи дека е  убава поволност која пензионерите што спортуваат со задоволство ќе ја искористат.

- Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија цени дека ова е убава  можност за сите пензионери кои се активни во зимските спортови. Како и секаде во светот, така и во Република Македонија, има многу пензионери кои активно спортуваат, па дури и за време на зимата, практикувајќи го белиот спорт.  Како највозрасни граѓани, сметаме дека заслужуваме вакви и слични поволности во насока на подобрување на нашиот живот во третото животно доба, соопшти Сојузот во дописот до медиумите.

Слично

Поврзани вести