Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пчеларите да ги поместат кошниците на медоносни места

Пчеларите да ги поместат кошниците на медоносни места

Откако белиот  багрем ќе престане да цвета, основната задача на пчеларите е да ги преместат пчелите на други медоносни места.

Во јуни пчелните семејства се подготвени за пашата од: детелина, оригано, здравец, нане, синап, босилек, луцерка, коноп, анасон, лубеници, дињи, тутун и други растенија.

Јуни е вториот месец од периодот во кој пчелите  го достигнуваат максимумот во својот развој .Во овој месец во природата има најмногу цвет, а условите за лачење нектар се оптимални. Земјата е топла има доволно влага во воздухот а релативно топлите ноќи  со доста утринска роса и убавите сончеви денови без ветер условуваат билките изобилно да лачат нектар. Поленовиот прав го има во изобилство. Месецов цветаат ливадските треви, но и липата, питомиот костен  и уште многу билки.

Слично

Поврзани вести