Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патниците навалија на македонските аеродроми

Патниците навалија на македонските аеродроми
Македонските аеродроми, споредено со лани, имале поголем број на патници во првата половина од годинава, информираат од  Mинистерството за транспорт и врски. Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје за шест месеци регистрирал 443.601 патници, што е за 18,7 отсто повеќе од лани, кога биле регистрирани 373.692 патници. На овој аеродром е зголемен и бројот на летови за 8,7 отсто, а забележано е и зголемување на обемот на карго и поштенски сообраќај за 12,7 отсто во однос на истиот период лани. Во првите шест месеци од годинава е забележан раст и на бројот на патници на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, вкупно 25.405 патници, или за 5,4 отсто повеќе од истиот период лани. На овој аеродром, исто така е забележан пораст и во бројот на движења на воздухоплови за 8,9 отсто, како и зголемување на обемот на карго и поштенски сообраќај за 72,1%.
Слично

Поврзани вести