Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пастрмката на Дебарско Езеро може да се лови

Пастрмката на Дебарско Езеро може да се лови

Заврши забраната за лов на пастрмка на Дебарско Езеро што беше воведена на први ноеври лани и требаше да трае до 31 јануари оваа година.

Поради продолжениот мрест на пасртмката, по препорака на Министертото за земјоделство шумарство и водостопанство, забраната беше продолжена уште два месеца.

Во изминатите пет месеци забраната за лов на пастрмка важеше како за рекреативен така и за стопански риболов, што подразбира дека не смееше да лови ни концесионерот „Охридска пастрмка“ од Струга, ниту да порибува без специјална дозвола за тоа.

Според претставниците на Подрачната единицата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар, сега во езерото може да се лови секој вид на риба, со дозвола на концесионерот во согласност со законските одредби.

Додека траеше забраната, концесионерот, видно ги зајакна контролите врз езерото. Поради нивната постојана присутност на теренот, рибокрадците,  речиси ги нема.

Слично

Поврзани вести