Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пасијата, желбата за константно учење и прифаќањето на предизвиците – клучни елементи за развојот на е-бизнисот на Grouper

Пасијата, желбата за константно учење и прифаќањето на предизвиците – клучни елементи за развојот на е-бизнисот на Grouper

Grouper започнувајќи како сајт за групни попусти, направи вистинска револуција во е-трговијата кај нас, раздвижувајќи ја и поставувајќи стандарди за квалитет, со што денес брои повеќе од 250.000 корисници и над 3500 компании соработници. Grouper е моментално една од најмоќните алатки за онлајн промоција за секој бизнис, кој преку своите онлајн кампањи и креативни решенија стана препознатлив и кај компаниите и кај купувачите. Со текот на годините Grouper прерасна во најголем е-маркетплејс во земјава, каде во склоп на  Grouper Shopping Mall секој бизнис може да има своја онлајн продавница, а купувачите пак имаат избор од илјадници производи, зделки на попусти и патувања. Со растот и развојот на Grouper, расте и свесноста кај бизнисите и корисниците, македонскиот интернет маркетинг и online купувањето, правејќи ја нивната успешна приказна, успех за целата македонска е-трговија.


Кога македонскиот народ сѐ уште се наоѓа во карантин поради коронавирусот, можностите за online купување што ги нуди Grouper може да ги задоволат сите потреби и вкусови: од online курсеви за едукација со попусти до 90%, до најразлични производи за домаќинство, електроника, играчки за деца, суплементи, козметика итн. Дополнително тука е и новата услуга #ХранадоДома која нуди  можност за отворање на оналјн ресторан за секој угостителски објект, а за купувачите брзо и лесно онлајн нарачување на храна со бесплатна достава.

Grouper како e-commerce сајт со најголем број на корисници и соработници во државата, денес е горд на своето минато, но, тие, исто така, се посветени и на иднината и на она што допрва треба да го достигнат.

А, во реализацијата на тоа, уште од самите почетоци пред повеќе од 9 години, како свој верен партнер ја имаат Халбанка. Преку користење на e-commerce платформата на Халкбанка, Grouper успева да ги реализира своите планови и да ја одржи лидерската позиција во е-трговијата на македонскиот пазар.

За новините во Grouper, за потребните предуслови за водење на е-бизнис, и помошта на Халкбанка во развојот на е-бизнисите во државата, погледнете во видео-интервјуто со Драгана Ѓокиќ, која е дел од тимот на Grouper.


Слично

Поврзани вести