Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЈП Паркинзи на Општина Центар и оваа година ќе го финансира КК Работнички

ЈП Паркинзи на Општина Центар и оваа година ќе го финансира КК Работнички

Директорот на јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар – Скопје, Саша Богдановиќ и Извршниот директор на Друштво за спортски дејности Кошаркарски клуб Работнички АД Скопје, Ненад Павлоски, денеска потпишаа Договор за донација на финансиски средства со цел унапредување, промоција, поддршка и развој на спортот и спортските активности.

Со потпишување на овој договор ќе се поттикне интересот за спортските активности и општествената одговорност за дејностите од јавен интерес, со тоа што преку дадената донација ќе бидат подмирени тековните обврски на кошаркарскиот клуб.

„Секоја година во програмата за работа и развој на ЈП Паркинзи на Општина Центар е предвидена донација на парични средства за унапредување, промоција, поддршка и развој на спортот и спортските активности. Вложувањето во спортот и неговиот развој секогаш дава одлични резултати, затоа ЈП ПОЦ од почетокот ги поддржува спортистите на КК Работнички и ги стимулира да се борат за поголеми успеси не само на државно, туку и на европско и меѓународно ниво“, изјави Богдановиќ, по потпишувањето на договорот.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и Вангел Андрески, помошник директор за економско финансиски работи и Димитар Мираковски, капитен за КК Работнички.

Слично

Поврзани вести