Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пари за лекување во странство добиле 93 македонски пациенти

Пари за лекување во странство добиле 93 македонски пациенти

До Фондот за здравствено осигурување биле доставени 93 барања од осигурениците за лекување во странство. Од нив 47 се позитивно решени, 33 негативно, а за 13 допрва ќе се произнесат, информираше директорот Јован Грповски .

„Во однос на реализацијата на барањата за овој период до 15 мај имаме потрошено 50.125.910 денари. Споредено со истиот период лани имаме зголемување на износот, рече Грповски и додаде дека со ова се покажува оти на лекување во странство се испраќаат сложени и комплицирани интервенции кои не можат да се извршат во Македонија, .

Со новите законски измени, при лекување во странство осигуреникот плаќа партиципација од 20 отсто, до најмногу 200 евра. Истовремено, посочи Грповски ФЗОМ склучи рамковни договори со приватните здравствени установи за оние здравствени услуги кои не се обезбедени во јавното здравство, а за кои ФЗОМ досега осигурениците ги испраќаше на лекување надвор од државата, и тоа во Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“, Европска очна клиника, Клиничката болница „Систина“ и Првата општа приватна болница „Ремедика“.

Слично

Поврзани вести