Пакистан штеди, државните службеници не смеат да носат чорапи
Забрана за носење чорапи добија сите државни службеници во Пакистан. Ваквата одлука е донесена со цел да се намалат трошоците за ладење, односно поради фактот што земјата ги исклучи климатизерите поради кризата со електрична енергија. Владата ги исклучи сите климатизери во канцелариите, а на некои места во земјата има и целодневни прекини на струјата.
Како дел од новиот код за облекување, мокасините и сандалите треба да се носат без чорапи. Седодека не се подобри ситуацијата со електричната енергија, од владата на Пакистан посочуваат дека нема да се дозволи вклучување на климатизери во канцелариите на администрацијата.
Слично
