Падна продажбата на рестораните на Мекдоналдс
Најпознатиот американскиот ланец на брза храна „Мекдоналдс“ соопшти дека неговата продажба во јануари повторно опаднала. Според податоците на ланецот, поради долготрајните лоши резултати во Јапонија и проблемите со сервисите за достава во Кина, компанијата и првиот месец од годината бележи лоши резултати.
Како што пренесуваат американските медиуми, глобалната продажба во рестораните кои работат најмалку 12 месеци во јануари опаднала за 1,9% во однос на декември. Во САД продажбата е зголемена за 0,9%, додека во Европа, која е најголем пазар на „Мекдоналдс“, таа е намалена за 2,1%. Продажбата во регионот што го счинуваат Азија, Блискиот Исток и Африка опаднала за дури 9,5%.
Слично
