Лозарите од „Агротиквешија” ја подржаа одлуката за одземање на лиценците на винарски визби
Претседателот на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци, Љупчо Аризанов, денеска соопшти дека лозарите ја поддржуваат одлуката за одземање на лиценци за работа на 4-те винарски визби кои не го платиле навреме грозјето.
- Ние лозарите даваме максимална поддршка на активностите на надлежните државни органи кога се во прашање санкциите против винарите заради непочитување на законските решенија во областа на лозаровинарството. Винската мафија треба еднаш засекогаш да сфати дека и дојде крајот и оти кој нема да плати за откупеното грозје нема да може и понатаму да се појавува во улога на откупувач, нагласи Аризанов.
Лозари од „Агротиквешија” од Кавадарци истовремено ја поддржуваат одлуката за поднесување кривична пријава за раководно лице на винарница кое дало лажен исказ пред нотар оти го платило грозјето во законски определениот рок-нагласи тој.
