Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овоштарите од Малешевијата да ги пријават штетите

Овоштарите од Малешевијата да ги пријават штетите

Општините  Берово, Пехчево и Делчево ги повикуваат овоштарите чии насади измрзнаа од ниските температури  пред неколку дена, да ги пријават штетите кај нив.

Од општината Пехчево информираат дека пријавувањето на штетите ќе се врши секој работен ден до 6 мај.  Покрај барањето, земјоделците треба да поднесат и фотокопија од лична карта, како и доказ за сопственоста на имотот. Во регионот до 100% е уништен родот на сливите, вишните и оревите, а мразот ќе предивика долготрајни штети на овошните насади кои ќе се одразат и на родот во следните години. Овоштарството е основна земјоделска дејност во регионот на Малешевијата и Пијанец. Во овој дел од Македонија на површина од над 1.000 хектари има насади со модри сливи.

Слично

Поврзани вести