Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа жена го направи најрадикалниот обид за да се ослободи од долгови

Оваа жена го направи најрадикалниот обид за да се ослободи од долгови
Русинка прибегна кон радикален обид за да се ослободи од правдата поради долгови . Таа одлучи да го смени полот , за да може да ги смени со тоа и личните податоци. Триесет и осумгодишната жена, која се вика Наталија , стана маж, по име Андриј, пренесува Фран прес. Портпаролот на регионалната служба на судските извршители во Астрахан објасни дека долговите на Наталија изнесуваат 130.000 рубљи ( 2.800 долари ) . „Во текот на нашата истрага , ние откривме дека жената веќе не постои и сега е маж" , рече портпаролот. Според него, сепак, промената на полот на никаков начин не ги брише обврските на личноста од претходниот нејзин живот. Портпаролот изјави дека не е запознаен со тоа дека долговите се единствената причина за промена на полот на жената , но знае дека откако станала маж, Андриј натрупал и нови долгови, по што се криел.   А.А.
Слично

Поврзани вести