Економија, финансии, бизнис

Контакт

OВАА РАБОТА ИМА ИДНИНА: По глава на жител имаат повеќе кошници од Кина

OВАА РАБОТА ИМА ИДНИНА: По глава на жител имаат повеќе кошници од Кина

Пчеларството во Србија доживува експанзија и на секои 5.9 жители има по една кошница. 

Кина за да се изедначи со Србија потребно е да има уште 220 милиони кошници. 

Оваа земја има 6 милиони кошници за пчели, а Србија 1.2 милиони. 

Пчеларите објаснуваат дека оваа година заедно со 2015 година биле најлоши години за пчеларите за период од 50 години. 

Најпогодени се луѓето кои во последните 4 години почнале да се занимаваат со оваа дејност. 

Српските пчелари оваа година имаат во просек 5 до 7 килограми мед по кошница. 

Слично

Поврзани вести