Економија, финансии, бизнис

Контакт

OВАА ПРОФЕСОРКА ГИ ВООДУШЕВИ СИТЕ: Таа држи часови бесплатно

OВАА ПРОФЕСОРКА ГИ ВООДУШЕВИ СИТЕ: Таа држи часови бесплатно

Професорката по српски јазик, Марија Бјелица од српскиот град Нови Сад ги воодушеви сите со својот гест да држи бесплатно часови за децата кои не можат да платат, а имаат потреба од дополнителни часови. 

Таа оваа вест ја објави на Твитер и ги замоли другите да ја споделуваат информацијата. 

Вели дека на ваков потег се одлучила откако видела пример од колешка во Белград која држела часови по англиски јазик. 

„Не се фокусирав на проблемите на просветните работници, кои се очигледни, туку на децата на кои им треба поддршка успешно да ја завршат учебната година“ - пишува Бјелица. 

Досега се јавиле неколку родители и деца, но се надева дека интересот ќе расте. 

Слично

Поврзани вести