Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оваа година ќе се преработат 183 милиони килограми грозје

Оваа година ќе се преработат 183 милиони килограми грозје

 183 милиони килограми грозје или за 30 отсто повеќе во однос на лани ќе преработат македонските винарници годинава , изјави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски  во тек на денешната посета на општина Босилово, каде имаше средби со земјоделци од  село Сарај и ја посети винарницата „Далвина“ во Хамзали.

Привршува откупот на винското грозје , а оваа година е една од подобрите во лозарството. Откупната сезона на грозјето, помина мирно и со заедничко разбирање помеѓу лозарите и преработувачите, оцени Коњановски.

Заменик-министерот за земјоделство ја потенцираше  подготвеноста на винарниците, што годинава од македонските лозари откупиле 160 милиони килограми, а од своите површини набрале 23 милиони килограми винско грозје.

- Интересен е и податокот што годинава е значително намален извозот на винско грозје во соседните земји и е сведен на само 9 милиони килограми, рече Коњановски.

Слично

Поврзани вести