Оваа едноставна реченица може да ви го промени животот!
Едноставно е, а не чини ништо!
Кога нешто не ви оди, често се охрабрувате. Но, како го правите тоа?
Веројатно сами на себе си кажувате: Го можам јас тоа! Меѓутоа, според истражувањата постојат многу начини да се поттикнете и тоа со реченицата: Го можеш ти тоа!
Како точно ова ќе го подобри вашето досегашно охрабрување?
„Луѓето навикнале да примаат совети и да ги даваат на други личности и изгледа дека човековата психа токму од таа причина преферира употреба на други лица како средства за мотивација“, рекла др. Санда Долцос, истражувач од универзитетот во Илиниос за Хафингтон Пост.
Значи, самоохрабрување во друго лице еднина ни овозможува да добиеме широка перспектива, бидејќи на тој начин го репродоцираме оној вид на охрабрување кое го добиваме од други.
Студијата објавена во магазинот „European Journal of Social Psychology“ покажала дека оние кои се обраќаат на себе си со „ти“ наместо со „јас“ имаат многу позитивен став кон задачата која ја поставиле пред себе, а најдобрите резултати се добиваат ако советите упатени кон вас самите ги напишете на список на хартија.
Пишувањето како начин на разговор со себе одамна се употребува како терапевтски пристап, а во состојбите кои бараат голема самоконтрола ова е исклучително ефективна метода.
Пробајте!
